Протокол Македонија - Бугарија

МНР нема документ и не може да каже дали 24 Мај е македонски или бугарски празник

Македонското Министерство за надворешни работи во одгворот кој го добивме дури вчера се вели дека не можат да дадат објаснување за тоа дали Македонија го признава државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители или Ден на бугарската азбука, според потписот од првиот Протокол од состанокот на меѓувладината комисија меѓу Македонија и Бугарија во јуни 2019 година. Од МНР велат дека тој Протокол го нема во нивните архиви, а во една прилика актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи за ова го обвини неговиот претходник Никола Димитров.

Вашите забелешки се однесуваат на Протоколот од првиот состанок на меѓувладината комисија, потпишан на 10 јуни 2019 година кој, како што веќе сме информирале, не можевме да го најдеме во архивата на МНР и оттука не можеме да дадеме објаснување. Во вториот протокол таква формулација нема“, се вели во краткиот одговор на МНР.

МКД.мк на 6 септември објави дека во тој Протокол пишува дека во Ватикан имало средба на претседателката на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери „по повод 24 мај Денот на бугарското образование и култура и словенското писмо“. Потписници на овој Протокол се поранешните шефови на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Прашањето до МНР беше дали со овој протпис Македонија всушност признава дека 24 Мај е бугарски празник. Одговор не добивме, а Протоколот и натаму стои на официјалната интернет страница на македонското МНР.

На истото прашање Димитров одговори дека не може да станува збор за такво нешто затоа што се работи „за едно друго време на сосема поинакви односи и на една сосема друга атмосфера, кога не само што нема вето, туку кога Бугарија е поддржувач на македонските интеграции“.

Во јуни годинава Османи објави дека во бугарската верзија на тој Протокол меѓу другото пишува дека македонската страна го прифаќа бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи го името „Илинденско-Преображенско востание”. Ова Османи го објави откако Димитров побара оставки од него и од Бојан Маричиќ во врска со прифаќањето на францускиот предлог

Накратко околу мотивите на мојот претходник: Мислев дека ќе можам да ја задржам дипломатската пристојност, и да не говорам за отстранувањето на документите од архивата на МНР пред моето доаѓање во куќата, но кога ќе се поминат црвените линии на пристојност, сите треба да ги отвориме картите до крај.

Ова е сегашната наша ситуација во односите со Република Бугарија. Досега имаме потпишан само еден Протокол, потпишан токму од мојот претходник, во кој има неколку јасни обврски кои за жал, само сме се обврзале, но и не сме ги реализирале: Првата е дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата „Илинден Преображение – востание”, создавајќи со тоа рамка во која Комисијата се очекува да делува, што, пак, создава тешкотии во нивната работа, но воедно и веќе создала преседан во односите со Република Бугарија, дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата... Овој документ во неговата физичка форма недостасува во МНР, очекувано е кој си го зел пред да си отиде и со какви намери“, изјави тогаш Османи.

Димитров и тогаш одговори дека се работи за документ потпишан во јуни 2019 кога нема вето, туку црно на бело потврда на бугарската поддршка на нашите евроинтеграции. „Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена“, одговара Димитров и додава дека во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку.

На објавениот документ на интернет-страницата на МНР во Протоколот на македонски јазик од 2019 година стои Илинденско востание.

Меѓутоа, таму стои и дека 24 Мај е Денот на бугарското образование и култура и словенското писмо и во македонската, а веројатно и во бугарската верзија.

За историчарот Митко Панов чествувањето на Кирил и Методиј сосема евидентно е дефиниранo како празник на бугарската просвета и култура и на словенската писменост.

„Ваквото официјално прифаќање од македонската влада на 24 мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј - како ‘бугарски’ празник, добива дополнителна тежина, бидејќи во истиот протокол се содржани и препораките на мешовитата комисија за историски и образовни прашања кои се прогласени за ‘историски вистини’ од ‘заедничката историја’, а кои ги вклучуваат светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум“.

А.Д.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе