МНР ја појаснува Унилатералната изјава: Целта е да се осигура чиста формулација за македонскиот јазик

Унилатералната изјава на Република Северна Македонија претставена на првата Меѓувладина конференција за пристапувањето на земјава во Европската Унија е еднострана изјава чија првенствена цел е да се осигура употребата на чиста формулација за македонскиот јазик во документи на Советот на ЕУ, без какви било објаснувања, додавки или фусноти, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Од МНР објаснуваат дека во таа функција, со оваа изјава се соопштува нашата позиција, пропишана во Уставот за македонскиот јазик како службен јазик на Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

Како што стои во соопштението од МНР, изјавата во себе содржи релевантни делови од Уставот, Резолуцијата на Собранието од 29 јули 2021 година, и заклучоците од собраниската седница од 16 јули 2022 година.

„Во согласност со форматот на унилатералната изјава, даден е кус осврт поврзан со кодификацијата на литературниот македонски јазик и неговата заснованост на специфичниот развој на дијалектите кои се земени како основа за кодификацијата и кои биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија, а тоа се централните говори на западното македонско наречје односно говорите на оската Битола – Прилеп – Велес – Кичево. Поради ограничувањата поврзани со форматот и целта на унилатералната изјава, наведени се само неколку информации и податоци поврзани со јазичниот, просторен и временски континуитет на македонскиот јазик кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ како и неговото значајно место во славистиката и лингвистичката наука“, се истакнува во соопштението на МНР.

Оттаму потсетуваат дека Преговарачката рамка за пристапувањето на Македонија во ЕУ, која беше усвоена на 18 јули 2022, е првиот документ на Советот на ЕУ во кој е содржана чиста формулација за македонскиот јазик.

„Како што беше најавено од Европската комисија, наскоро ќе биде склучен Договорот за статусот на Фронтекс со јазична одредба во која покрај 24-те службени јазици на ЕУ ќе биде поименично наведен и македонскиот јазик. Договорот за статусот на Фронтекс ќе биде првиот билатерален договор меѓу Северна Македонија и Европската Унија кој ќе содржи стандардна јазична одредба со вклучен македонски јазик. Сите идни документи на Европската Унија каде што ќе треба да биде наведен македонскиот јазик, во нивната целосна правна, политичка и административна форма ќе ја гарантираат рамноправната позиција на македонскиот јазик и неговата употреба без какви било објаснувања, додавки или фусноти“, се додава во соопштението.

 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе