МНР го објави целиот текст на Протоколот потпишан денеска во Софија

Министерството за надворешни работи го објави билатералниот протокол, кој министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа денеска во Софија. На попладневниот брифинг со новинарите министерот Османи го најави објавувањето и рече дека целиот текст на Протоколот ќе биде објавен во договор и во исто време со Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Протоколот во интегрална форма може да се преземе тука

Како напомена за читателите на МКД.мк, во Протоколот клучни се втората и третата точка: 

2. Усвојување на годишните извештаи за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

3. Усвојување на насоки за дејствување во исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија за следниот период.

Свое толкување на содржината на Протоколот имаше попладнево министерот Османи, оценувајќи го како реципрочен документ во сите сектори, освен во делот на етничките заедници.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе