Мнозинството граѓани се против санкциите кон Русија и против помош за Украина

Според истражување на јавното мислење на Фондацијата Конрад Аденауер, 61,2 проценти од испитаниците не ја оправдуваат помошта во оружје и опрема што Македонија ѝ ја дава на Украина и исто така, 61,6 отсто од испитаниците не ги оправдуваат економските санкции на Македонија врз Русија. Сепак, над 50 проценти од граѓаните не ја одобруваат руската инваззија врз Украина.

Фондацијата Конрад Аденауер издаде публикација „Ставови и перцепции за војната во Украина", при што резултатите покажаа дека 55,2 проценти од испитаниците во земјава немаат разбирање на мотивите на Русија да започне воени дејствија во Украина. Највисоко ниво на неодобрување на руската воена агресија има кај симпатизерите на ДУИ со 64,3 отсто, додека највисоко ниво на одобрување на руската воена агресија има кај симпатизерите на Левица со 56,1 процент.

По ДУИ следуваат симпатизерите на Алијанса за Албанците со 61,85 отсто, кои не ја одобруваат руската воена агресија, СДСМ со 55,8 проценти, симпатизерите на Алтернатива со 53,3 отсто, на ВМРО-ДПМНЕ 52,6 проценти и на БЕСА 44,4 отсто, покажува анкетата.

Анкетата, како што информираат од Фондацијата вклучува 1 121 испитаник, со почитување на клучните демографски карактеристики, односно пол, возраст над 18 години, образование и етничка припадност; географската избалансираност; партиско-политичка афилијација на испитаниците. Спроведено е во средината на ноември оваа година од страна на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС).

Публикацијата е составена од теоретска анализа и од испитување на јавното мислење и има за цел да ја расветли позицијата на институциите на Македонија, на клучните политички партии и политичари, како и на јавноста во целина во врска со оваа тема, додаваат од Фондацијата.

Од вкупниот број испитаници, 88,4 проценти одговориле дека војната во Украина им предизвикала негативни чувства, односно чувство на страв, шок, неверување, така, гнев. Поради војната во Украина, 49,5 отсто од испитаниците изјавиле дека нивната лична безбедност и безбедноста на државата е влошена.

Согласно податоците, 61,2 проценти од испитаниците не ја оправдуваат помошта во оружје и опрема што Македонија ѝ ја дава на Украина и исто така, 61,6 отсто од испитаниците не ги оправдуваат економските санкции на Северна Македонија врз Русија.

Испитаниците сметаат дека војната во Украина има големо влијание на зголемените цени на електрична енергија, горивата, прехранбени производи, како и нивото на инфлација во Македонија. Од вкупниот број испитаници, 34,5 проценти изјавиле дека војната ќе заврши со отстапување на дел од територијата на Украина на Русија.

„Споредбата на одговорите од првиот дел со одговорите од овој дел упатува на заклучокот дека граѓаните ја осудуваат руската воена агресија врз Украина, но покажуваат резервираност во врска со вмешувањето на  Македонија преку помош во оружје и опрема за Украина, како и преку економски санкции врз Русија„, се вели во извештајот.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе