ММДЧП ja oсуди капитулацијата на режимот во Македонија пред барањата на ЕУ, Франција и Бугарија

Со секојдневни масовни протести, македонскиот народ испорача громогласно НЕ на бугарските барања, кои беа поддржани од ЕУ и спонзорирани од Франција. Барањето е целосно да се откажеме од македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Таканаречениот „француски предлог“ сепак беше изгласан, како шанса за почнување преговори за можно членство во ЕУ, се вели во реакцијата на Македонското меѓународно движење за човекови права.

 „Бугарските барања го содржат следното: да се откажеме од постоењето на македонско малцинство во Бугарија; да се откажеме од македонскиот јазик, нација и целата култура; да ја прифатиме бугарската позиција дека секој и се што е македонско е „всушност бугарско“ и да ја ревидираме македонската историја така што ќе го негираме фактот дека Бугарија била сојузник на нацистичка Гермнија во Втората светска војан, ја окупирала Македонија и извршила грозни злосторства врз Македонците, вклучувајќи го и прогонувањето на 7.000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска, и да кажеме дека Бугарија била „ослободител“, а не окупатор на Македонија.

Наместо да ја прекори и осуди Бугарија за ова очигледно кршење на европските повелби, Европската Унија се однесува исто како што се однесуваше кога Грција бараше Македонија да си го смени името - и целосно ја подржува Бугарија и бара потполно прифаќање на бугарскиот ултиматум како услов за членството на Македонија во ЕУ.

Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лејен го посети македонското Собрание и им се обрати на пратениците на 14 јули. Меѓу другите контроверзни ставови, таа имаше смелост да го пофали режимот за односот кон човековите права и покрај бруталните и масовни прекршувања; го пофали „Договорот од Преспа“ кој Македонците го отфрлија на референдумот на 30 септември 2018 година, а кој сепак беше усвоен од режимот за со сила да се смени името Македонија и да се наметне крајно навредливото „Северна Македонија“ - име кое е скроено за да се негира етничкиот идентитет на Македонците. Фон дер Лејен исто така ги повика Македонците да се откажат од својот идентитет и да го прифатат францускиот предлог „во име на своите деца“. Овој шокантен повик таа го упати преку Твитер.

Претседателот на ММДЧП Бил Николов го осуди повикот на Фон дер Лејен и нејзиното поврзување на европската иднина на децата на Македонија со откажување од идентитетот, прикривање на злосторствата на бугарските нацисти и убивањето на Македонците во Втората светска војна, со прифаќање на бугарскиот налудничав и отворено лажен историски ревизионизам со декларирана цел да се избришат Македонците како етничка група и сето ова да се предава во училиштата како „факт“.

Бидејќи Грција и Бугарија го отпочнаа анти-македонскиот ревизионизам во историјата, ММДЧП посочува дека е иронично тоа што Грција и Бугарија самите ја преземаат македонската историја, култура, јазик и идентитет во изградбата на своите идентитети.

Наместо да им помага на Грција и Бугарија во редефинирање на историјата и во нивните анти-македонски кампањи, Европската Унија би требала едноставно да ја почитува својата Повелба на основните права на Европската Унија, конкретно: поглавје 3 - еднаквост, член 21: недискриминација.

Се забранува секаква дискриминација врз каква било основа, како што е пол, раса, боја на кожа, етничко или социјално потекло, генетски обележја, јазик, религија или верување, политичко или било какво друго мислење, припадност во национално малцинство, сопственост, раѓање, хендикеп, возраст или сексуална ориентација.

И преамбулата: Унијата придонесува кон зачувување и развој на овие заеднички вредности, почитувајќи ја истовремено разноликоста на култури и традиции на народите на Европа, како и националните идентитети на државите членки и организацијата на нивните власти на национално, регионално и локално ниво.

Повикуваме за еднаков однос кон Македонците, го осудуваме режимот во Македонија, ги осудуваме ЕУ и земјите членки на ЕУ за нивните анти-македонски политики и бараме крај на молкот и соучесништвото од членовите на Европскиот Парламент.

Ние сме против членството на Македонија во ЕУ и НАТО бидејќи овие организации отворено ги кршат своите декларирани вредности - ширењето на демократијата и човековите права“, реагира Македонското меѓународно движење за човекови права.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе