Во потрага по подобар живот и образование

Младите бегаат од Балканот, лани во ЕУ фатени 6.575 илегалци со македонски пасош

Вкупно 6.575 граѓани на Македонија во 2019 година биле фатени со илегален престој во една од земјите на Европската Унија. Трите земји во кои најчесто граѓаните на земјава престојуваат нелегално се Германија, Унгарија и Словенија. Зачленувањето на Македонија во Европската Унија би го решило овој проблем.

Во 2019 година, Фондацијата Фридрих Еберт спроведе истражување за тоа зошто граѓаните на Македонија ја напуштаат земјата. Од ова истражување се дозна дека една третина од испитаниците имаат горлива желба да ја напуштат земјата. Мотивите за тоа се три: подобар животен стандард; подобри можности за вработување; подобро образование.

Како проблеми во општеството, младите ја истакнале корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста. Иако сакаат да се образуваат, сепак сметаат дека врските за вработување ќе им помогнат повеќе од знаењето.

Германија е дефинитивно најпосакуваната дестинација за емиграција, потоа следи Швајцарија, покажуваат резултатите од студијата. Скоро половина од испитаниците се незадоволни од квалитетот на образовниот процес во Македонија. Дел од причините за незадоволство може да се откријат во перцепцијата на корисноста на стекнатото знаење.

Иако на 19 декември 2009 година Европската унија ги укина визите за граѓаните на Северна Македонија, Црна Гора и Србија, тоа е случај само за краткорочни патувања. Во меѓувреме, врз основа на горенаведената студија, повеќето наши граѓани одат во овие европски земји на работа, што значи дека им треба повеќе време од дозволеното.

Наоѓање работа или вработувањето на граѓани на Северна Македонија во една од земјите на Европската Унија е проблем само по себе, имајќи предвид дека условите за краткорочни визи не го дозволуваат тоа. Треба да се нагласи дека некои од земјите на ЕУ интервенираа во постојните национални закони со што овозможија вработување на граѓаните на Западен Балкан во нивните земји за подолг период.

Сепак, тоа очигледно не ги решава проблемите. Така, само во текот на 2019 година, при нелегален престој во некоја од земјите на Европската Унија, фатени се вкупно 6.575 државјани на Македонија.

Бројките на граѓаните како процент од вкупното население на земјите од Западен Балкан фатени при нелегален престој во ЕУ во 2019 година се следниве:

• Албанија – 1,3%

• Македонија – 0,3%

• Косово – 0,2%

• Србија – 0,2%

• Црна Гора – 0,1%

• Босна и Херцеговина – 0,1%

 

Државјаните на Македонија во 2019 најмногу престојувале нелегално во Германија, Унгарија и Словенија, додека генерално, првите три земји на ЕУ со најголем број граѓани на Западен Балкан кои незаконски престојувале во нив во текот на 2019 година се Германија, Грција и Унгарија.

Членството на земјата во Европската Унија би го решил овој проблем. Еден од принципите и самата цел на воспоставувањето на Европската Унија е несомнено соработката меѓу земјите – членки, во секоја сфера и област. Така, лицата што имаат државјанство на една од земјите – членки на Европската Унија можат да патуваат, работат или да се преселат во која било друга земја – членка без потреба од работна или виза за престој.

Според експертот за меѓународно право Селим Ибраими, овој нелегален наплив на граѓани на може да се спречи само со стабилизирање на економската состојба на земјата, што според него, ќе биде тежок процес во наредните години.

„Ќе биде тешко за ЕУ и земјава да го спречат овој наплив, било легално или нелегално. Економијата на Северна Македонија треба да се стабилизира, што ќе биде тешко во следните години. Нелегалните лица кои престојуваат во ЕУ, како што реков, можат да аплицираат за статус на азил или да најдат други форми на престој. Ниту еден од тие што заминале не сака да се врати во земјава затоа што животот во Македонија го замислуваат како пеколот на Данте Алигиери“, изјави Селим Ибраими за Порталб.мк.

Инаку, во март годинава, земјите од ЕУ постигнаа политички договор за почеток на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија.

Мета

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе