Нови членови

Мизрахи, Милошоски, Јаневска...влегуваат во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ што го најави денеска партијата преку соопштение, според неофицијалните информации ќе има 15 членови, од кои дел ќе бидат нови лица.

Во новиот Извршен комитет (ИК), како што брифираат партиски извори, нови членови наводно ќе бидат Весна Јаневска, Рашела Мизрахи, Гордана Димитриевска Кочовска, дополнителна заменик министерка за финансии во техничката влада, Христина Серафимовска, Дарко Костовски, Ѓорѓија Сајковски, Драган Ковачки и Антонио Милошоски. Од досегашниот состав на ИК во новиот ќе останат Христијан Мицкоски како претседател, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николоски, Трајко Славески, Владимир Нелоски и Никола Мицевски.  

Според нашите извори, во највисокото тело на партијата веќе нема да има место за Коце Трајановски, Тони Михајловски, Цветан Трипуновски, Орце Ѓорѓиевски, Дафина Стојаноска, Благица Ласовска, Владимир Ѓорчев, Иванка Василевска, Ане Лашкоска...

Инаку, новиот Извршен комитет, како што соопштија од партијата, е дел од пакетот промени кои ги најави и почна највисокото актуелно партиско раководство. По изгласувањето на новиот Статут, ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател и нов Извршен комитет на УМС, распиша оглас за избор на нов претседател на Унијата на жени, а во меѓувреме беа назначени и нови претседатели во дел од општинските комитети.

Ж.П.Б.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе