Мишел во Собранието: Македонскиот јазик во ЕУ се почитува, а преговорите ќе ги следат сите членки

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел попладнево имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која што присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и претставниците на помалите политички партии за лично да ги слушне аргументираните и легитимни мислења и резерви на политичките актери.

Мишел, како што соопшти собраниската прес-служба, образложил дека доаѓа во име на 27 земји членки на Унијата кои стојат зад предложената рамка и нагласил дека има разбирање за фрустрациите и разочараноста во последните години околу официјалното неотпочнување на преговорите. 

„Случувањата во поширокото европско соседство придонесоа за порешителни одлуки на европските лидери во однос на процесот на проширување и спречување на трети страни за остварување на нивните интереси кои се спротивни на интересите на Унијата. Во однос на загриженоста околу формулациите во преговарачката рамка, тој појасни дека за македонскиот јазик се упатува јасна порака од Советот на ЕУ дека истиот се почитува и сите документи во текот на процесот ќе се преведуваат на македонски јазик. 

Исто така, потенцираше дека добрососедските односи се дел од критериумите и дека е важно истите да бидат надминати, но дека во процесот на преговори се вклучени сите членки на ЕУ кои будно ќе го следат процесот на преговори”, пишува во соопштението. 

Џафери, пак, кажал дека актуелното раководство и во минатото носело одлуки кои долгорочно се покажале како правилни за државата и нејзината иднина и дека носи одговорност за донесување стратешки одлуки. Правејќи паралела со помирувањето на Франција и Германија како основа за формирањето на денешната Европска унија, заклучил дека единствен начин за надминување на билатералните несогласувања останува отворениот дијалог и меѓусебното разбирање. 

Во однос на доставувањето на документите за прифаќањето на преговарачката рамка, претседателот Џафери истакна дека по истите соодветно ќе се пристапи штом бидат доставени до Собранието.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе