Mинистерот Бектеши низ Охрид се прошета со Нефи Усеини, советникот на ДУИ со две дивоградби и кривична пријава

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска низ Охрид прошета со Нефи Усеини, контроверзен бизнисмен за кого имаше обвинение за напад со пиштол и истраги за две дивоградби.

Во 2020 година Усеини доби кривична пријава за насилство, поради што избега, но случајот се затвори откако нападнатиот ја смени изјавата.

Усеини е познат по дивоградбата кај Чинарот и бетонската база на брегот на езерото, која беше урната во 2020 година. Овие дивоградби беа наведени во негативните извештаи на УНЕСКО за Охрид и околината.

Бектеши ја посети неговата пицерија чија тераса има решение за уривање кое не е спроведено.

Министерот за економија фотографиите од прошетката низ Охрид ги објави на својот официјален фејсбук-профил. Усеини, како член на ДУИ, на последните локални избори повторно беше избран за советник во Општина Охрид. Од февруари е член на Комисијата за заштита на животната средина во општината.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе