Софија

Бугарската влада не се подготвува да го крене ветото за Македонија, вели Минчев

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.

„Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема“, рече тој.

Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе