Реакција

Милошоски: Снимките се направени во времето на Мијалков, ќе ве отворам како пупка

Вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков. Знам кој нелегално ги поседува сите снимки од СЈО. Господине З.З. како дојдовте, така ќе си одите. Ќе ве отворам како пупка, реагира вечерва на својот фејсбук-профил пратеникот Антонијо Милошоски на објавените снимки на Јутјуб канал на кои се слуша најверојатно неговиот глас како интервенира кај претседателот на Врховниот суд.

Еве што вечерва напиша Милошоски:

„Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите.

Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено. Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли.

Како дојдовте, така ќе си одите!

Укажувачите ќе стануваат сѐ побројни и сѐ посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка!

Се слушаме наскоро #ТикТак“, напиша Милошоски.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе