Започна седницата за интерпелација на собранискиот спикер

Милошоски ја поднесе интерпелацијата, а е 27-ми за збор, забележа Џафери

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери пред усвојувањето на дневниот ред со единствена точка Интерпелација за работата на претседателот на Собранието, зеде процедурален збор со цел, како што рече, да информира дека седницата ќе ја води потпретседателот Горан Мисовски, за да може да учествува во расправата како секој пратеник. Џафери забележа: „Нелогично е нешто, Антонио Милошоски ја поднесе интерпелацијата, а е пријавен за збор како 27-ми говорник. Но тоа е работа на ВМРО-ДПМНЕ“. За збор денеска се пријавени главно пратеници од опозицијата.

Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полноќ. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација.

Пратениците од опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа функција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.

Интерпелацијата за Џафери ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе на 30 мај. Џафери запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа денешната седница.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои спроведуваат, како што ја нарекоа активна блокада во Собранието, го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Според нив, во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието.

Инаку, за збор по интерпелацијата се пријавени 41 пратеник, од нив само 7 пратеници од владејачките партии, четворица од СДСМ и тројца од ДУИ

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе