Атина

Милошевиќ притиснал, Глигоров прифатил Словенска Република Македонија, Андов одбил

На шести јуни 1993 година на иницијатива на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ за малку не бил потпишан договор за името. Во мое присуство во кабинетот на српскиот претседател средбата со Глигоров заврши со прифаќање на името Словенска Република Македонија, со националност Славомакедонци, јазик славомакедонски, идентитет славомакедонски, изјавил денеска Елефтериос Карајанис на конференцијата во Атина организирана од поранешни грчки амбасадори за националните прашања, пренесува ТВ Канал 5.

Глигоров и Милошевиќ „За да го потпише ова Глигоров, беше потребно да обезбеди 81 пратеник. Тогаш имаше 75-76, од 120 му беа потребни 80 пратеници. Му го кажавме тоа, рече во ред, ќе се обидам да го убедам Андов. Во понеделник дознавме дека ова не беше прифатено од Андов, а подоцна бевме известени дека странска влада се вмешала за да се спречи овој договор“, изјавил Карајанис, почесен амбасадор, прв грчки преговарач во разговорите за името.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе