Влада

Кучињата за викенд може да се шетаат трипати на ден, вработените во администрацијата преку недела пред 16 часот да бидат дома

За време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок ќе можат да ги изнесуваат надвор од своите домови, навечер од 20.00 часот до 20.30 часот, a во сабота и недела, наутро од 8.00 часот до 8.30 часот, попладне од 15.00 часот до 15.30 часот и навечер од 20.00 часот до 20.30 часот, и тоа најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат, одлучи Владата.  

Притоа, граѓаните треба да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат. 

Според владината одлука вработените во сите органи на државната управа, јавните претпријатија, државните акционерски друштва, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и во општините, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, на подрачјето на Градот Скопје, а живеат надвор од Скопје и патуваат секојдневно на работа, работодавачот да ги упати на задолжителна работа од дома, без физичко присуство на работното место за време на вонредната состојба. 

Владата исто така донесе Одлука за измена на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа и прилагодување согласно забраната за движење, односно пред 16.00 часот да бидат дома.

Министерството за здравство, пак, треба веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на државата. Општинските кризни штабови треба да определат економски оператори/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку онлајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа во сабота и недела. За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со МВР да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните. 

Економските оператори што имаат производствени капацитети треба да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење и непречено да го организираат работниот процес.

Од овие мерки исклучени се вработените во МВР, Агенцијата за национална безбедност,  Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институции претходно опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани.

Оттаму потсетуваат дека од утре важи одлуката според која забрана за движење има од понеделник до петок, од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, како и за време на викендот од 16:00 часот во петок до 5:00 часот во понеделник. Забраната за движење на постари од 67 години, од понеделник до петок во временски период од 12:00 часот до 10:00 часот наредниот ден, и забраната за движење на децата и младите на возраст до 18 години, од понеделник до петок во временски период од 15:00 часот до 13:00 часот наредниот ден. Се забранува и собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и површини, со исклучок на лица помлади од 14 години кои се во придружба на родител кои се дел од групата.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе