Неофицијално

Мијалков стигнал до Белград, па по договор со Заев се вратил

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград, но се вратил назад во Скопје откако бил постигнат директен договор со премиерот Зоран Заев, тврдат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Мијалков избегал во неделата, односно тогаш полицијата не успеала да го најде за да оди во куќен притвор, а преговорите со власта наводно почнале во понеделникот, откако меѓународната заедница извршила силен притисок врз Заев да се најде начин бегалецот до четврток да се врати во земјава. Но засега никој не знае што точно се договориле Мијалков и Заев.

Според неофицијалните информации, причината за бегството била казната од 13 години што обвинителите веќе ја побарале, а во петок треба да се слушне  пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“, и која наводно требало да ги опфати сите дела, вклучувајќи и она што требало да застари.

Изворите од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека договорот меѓу Мијалков и власта бил казната да биде пет години, по што би следувале жалби, па Апелација, па враќање на предметот назад...

А.Д.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе