Локални избори

Мицкоски за Коциќ: И ова мало „Зоранче" кое се кандидира за градоначалник не може да избега од одговорност

Политичарите треба да се огледало на народот. Треба да се луѓе со доблест, чест, подготвени да водат и да се борат за сопствениот народ, вели Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Велес.

.Луѓе чиј збор вреди, и кои знаат што зборуваат и што прават. Тоа не треба да се луѓе од кои се срами народот, не треба да се луѓе кои секојдневно ќе кажуваат гафови и сите и цел свет ќе им се смее и потсмева, луѓе од кои што се срамите“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде дека сегашниот градоначалник реализирал само еден проект а тоа е чистење на паркингот во Велес, за како што рече тој да може свитата од власта со своето бентли и мајбах да се паркираат.

„Конечно после четири години, на самиот крај од мандатот градоначалникот на Велес ми кажаа дека реализирал барем еден проект. Кога бил тука на митингот на Заев во Велес, експресно го исчистил паркингот кој со години бил запуштен и има дива депонија. А и дознавме зошто, за да може Бентлито и Мајбахот кои дојдоа со свитата од власта да го паркираат. Тоа Бентли и Мајбах вредат колку тутунот и грозјето оваа година“, истакна тој.

Мицкоски потенцираше дека кандидатот за градоначалник на СДСМ, Ненад Коциќ нема да избега од одговорност бидејќи на минатите локални избори како носител на советничката листа на СДСМ ветил многу, а не испорачал ништо за граѓаните.

„И ова мало „Зоранче" кое се кандидира за градоначалник не може да избега од одговорноста за тоа што со градоначалникот во заминување ветуваше во Велес, зошто тој беше носител на неговата листа се и сешто а ништо не испорачаа. Тогаш тандемот Коциќ- Коцевски ветуваше: 2 катни гаражи и регулирање на сообраќајниот хаос, затворен базен, колектор и повеќе пречистителни станици, регионална фабрика за преработка на отпад, изградба на кејот на реката Вардар и ништо од ова не остварија. Затоа и денес кога ветуваат не им верувајте. Гласајте за промени и нова иднина“, порача Мицкоски.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе