Од Гостивар

Мицкоски: Власта не сака да ги напушти дебелите црвени килими и кожни фотелји, ама порано или подоцна ќе има предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден дека порано или подоцна ќе дојде до предвремени парламентарни избори, на кои инсистира опозицијата, додека актуелната власт, според негои, не сака да си замине зошто е свесна дека ќе треба да одговара.

„Јас не очекувам дека оваа криминална власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими и кожените фотелји каде е залегната и привилегиите кои ги уживаат на грбот на народот. Не очекувам дека тоа ќе го прифатат и едноставно ќе заминат, затоа што се свесни дека после тоа следува одговорност. Но, затоа сме ние опозиција, затоа ја добивме довербата од народот на минатите локални избори, тоа ќе се случеше и на предвремените парламентарни да беа оној грабеж и масовен брутален поткуп што се случуваше со картичките. Но, подоцна или порано ќе се случат тие парламентарни избори, а потоа следува одговорност за сите овие погрешни политики на кои што македонскиот народ и граѓаните се сведоци изминатите четири години“,

Порача денеска Мицкоски од Гостивар каде што со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари учествуваат на трибина по повод 21 февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, денеска повторно одговори на барањата на опозицијата дека избори ќе има, но во редовниот термин во 2024, а оваа година, како што кажа, треба да се фокусираме на справување со предизвиците од кризата.

 

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе