Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски вели имал мачнини од хаосот во Скопје и порача да се најде решение

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара власта и раководството на Град Скопје да испорачаат решение за проблемите на приватните автобуски превозници во Скопје, кои четврти ден протестираат со блокади на три клучни сообраќајни точки во главниот град, со барање да им се исплати долгот од Град Скопје и Јавното сообраќајно претпоријатие (ЈСП) Скопје.

На настан во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Свети Климент Охридски, Мицкоски апелираше „да се престане со политика врз грбот на граѓаните" и најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани.

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите со приватните превозници додека проблемите не се решаваат. Навистина како човек одбивам да влегувам во реториката на обвинувања и недораснати потези каде поважно од решенијата им е да се знае кој бил виновен, и лагите кои непресушно ги кажуваат додека народот страда. И една заедничка порака до коалицијата на хаосот, престанете да правите политика врз грбот на народот и испорачајте решение на проблемите. Вие сте власт и вие ја имате одговорноста наместо пинг понг игра да ги решите проблемите, рече Мицкоски во обраќање на настанот „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност".

Според Мицкоски, власта и на раководството на Град Скопје имаат одговорност да ги решат проблемите наместо да ја префрлаат топката.

„Престанете да си поигрувате со интелигенцијата на овој народ. Едната на благодарение на вас е таму каде што е, а овој другиот благодарение на лесната рака за потпишување предавнички договори и се уште опстојува. И едниот и другиот имаат одговорност да ги решат проблемите кога тајно се среќаваат во Владата наместо да шират лаги и да ја префрлаат топката од која што штета имаат скопјани и граѓаните во Македонија. Секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.

Координативното тело на приватните автобуски превозници денеска донесе одлука протестите од крстосницата кај Црвен крст и „Мавровка" да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска" кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина".

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе