Мицкоски вели граѓаните за 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно објави информации за продажбата на ноќните вишоци на електрична енерија, тврдејќи дека надлежните ги оштетиле македонските граѓаните за 10 милиони денари.

„Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ!!! ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 MWh. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/MWh, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Наведува дека за истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 372,21 €/MWh или по денови:

1 август 359,81 €/MWh
2 август 388,95 €/MWh
3 август 363,474 €/MWh
4 август 377,758 €/MWh
5 август 371,058 €/MWh

Разликата во цена е:

1250 MWh x (372,21-245,37)€ = 158.550€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, стои во објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.", се вели во статусот на Мицкоски.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе