Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вонредна прес-конференција

Мицкоски: Страв имам само од господ, вечерва ме наместија луѓе од власта ама не ме убија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вонредната прес-конференција рече дека подолго време добива информации дека требало да биде ликвидиран, како и дека вечерва пиштолот кој го држеше човекот кој пукаше кога почна протестот, требало да биде вперен кон него. Тој додава дека сето тоа било наместено од власта, бидејќи полицијата ја немало во моментот кога групата се појавила и еден од нив почнал да пука.

„Подолго време добивам неформални информации за моја ликвидација, вечерва полицијата ја немаше , а мистериозно се појави група од 10 луѓе. Беа испукани повеќе истрели кои за среќа не завршија во народот. Ваквото сценарио го најави власт. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот. Ковачевски и Спасовски градат милитантен контекст, имаше најава за молотови коктели, за жртви, и откако не им успеа веќе го достигнаа врвот во монструозноста каде требаше да се загуби човечки живот за да останат на власт. Видете го овој пиштол и видете го народот кој не му се плаши. Овој пиштол е е свртен кон народот. Тој беше насочен кон губење на невин човечки живот. На овие слики кои ги гледаме не е најважна етничката припадност, туку гледаме криминалци кои заедно со власта одат против народот. Немојте да се убедувате и да кажувате дека луѓето се од оваа или онаа политичка партија, туку тие имаат една страна , страната на криминалот. Мојата порака до Албанците е дека оваа борба е заедничка, наша и заедничка низ вековите", изјави Мицкоски.

Тој рече дека се што до сега добил како закана било пријавено во МВР, но никој не постапил и веќе кренал раце. 

„Кренав раце и повеќе не пријавувам бидејќи нема ефект од тоа. Можеби сум единствен претседател на политичка партија кој нема обезбедување. Не барам и ако ми дадат нема да прифатам. Како татко и родител сум загрижен, но не се плашам. Се плашам само од еден, а тоа е господ. Продолжуваме утре уште побројни во 19 часот пред Владата. Ако го нема Христијан, ќе дојде друг, ама народот нема да се откаже. Нема чекор назад, одиме напред со народот, силно, мирно и со гордо крената глава. Ова се пораки на обединување, заедништво и смиреност, изминатиот период подолго време добивам информации, еден е Христијан, и да е тука и да не е тука, народот нема да се повлече", додаде Мицкоски.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе