Оценки на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за францускиот предлог

Мицкоски со детална анализа на новиот предлог, за кој вели дека e истиот што се криеше

Предлогот кој е на маса, и кој Владата го криеше, а до кој дојдовме ние по наши канали, всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во еден дел од прес-конференцијата кога направи детална анализа. Тој оцени дека затоа има какафонија од предлози - два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија кои, како што нагласи, Владата ги покажува како успех. „Лага и манипулација“, рече Мицкоски.

Во анализата Мицкоски вели:

„Првиот документ кој што секоја една земја која што имала аспирации да биде дел од ЕУ го нарекува меѓувладина конференција, а кај нас тоа се вика прв дел од меѓувладината конференција. Ова е практично вториот дел од таа меѓувладина конференција, која што само за нас е создадена како кованица и се нарекува втора меѓувладина конференција.

Каде е суштината и каде е направена лингвистичката инверзија? Најпрвин во првиот документ, кој што би требало според владата да се нарекува прва меѓувладина конференција, на страна 5 точка 3 стои дека во преговарачката рамка, и двете страни ќе дадат унилатерални изјави, декларации коишто ќе кажат како го подразбираат македонскиот јазик.

Претпоставувам, доколку ова стигне до Брисел од нашата македонска страна истото ќе биде македонски јазик, а од страна на Бугарија ќе има еднострана изјава дека тие не го признаваат македонскиот јазик односно дека тие го признаваат согласно Уставот на Македонија.

Следната семантичка измена е во страната 10 од овој прв документ кој треба да биде документ содржан во преговарачката рамка. Каде што точно се цитира во точка 5 соодветната алинеја, договорот за добрососедство со Бугарија, каде што делот билатерални протоколи е заменет со годишни извештаи и мерки за ефективната имплементација по членот 12. Членот 12 од договорот за добрососедство ќе биде практично одлучувачки член врз основа на кој ние или ќе напредуваме или ќе бидеме подложни на вето од страна на нашиот источен сосед. А членот 12 сакам да посочам дека е делот каде што се регулирани меѓувладините конференции помеѓу Македонија и Бугарија. Досега се одржани две такви, првата формална помеѓу Димитров и Захариева и втората помеѓу Османи и Генчовска за која што протоколот се уште не е потпишан, а ќе видите дека се повикуваат и на тој протокол.

Појаснувам, протоколот е заменет со годишни прегледи и мерки. Што значи мерки, ако немате во учебниците променето дека Илинденското востание, македонско заменето со бугарско Преображенско востание, тогаш не сте презеле мерки и вие не може да напредувате и ќе бидете подложни на вето. Ако уште во процесот на преговори во учебниците на нашите основци стои Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански дека се македонски херои, вие не можете, бидејќи не сте презеле мерка и ефективно таа мерка не сте ја имплементирале. Ете тоа е разликата за која што Османи и Маричиќ се препелкаат и не знаат како да ја објаснат.

Вториот документ кој е практично втор дел од таа меѓувладина конференција на страна 7, точка 11 јасно стои дека Македонија нема да го отвори првиот кластер фундаменталс се додека не се случат уставните измени на кои што се повикуваат заклучоците од Европскиот Совет.

Значи нема отворање на преговори, кластер фундаменталс се додека не се случат уставните измени.

На страна 8, е избришан делот каде во првиот стоеше делот за јазикот и е префрлен сега во првата половина според нив наречена прва меѓувладина конференција и јасно сега стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори, сѐ додека не биде потпишан протоколот, од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која што е основана врз основа на членот 12 од договорот за добрососедство кој го има нашата влада потпишано со нашиот источен сосед.

Што подразбира тоа? Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата, културата, сето она кое што треба да го направиме како измена и мерка во нашите учебници“.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе