Mицкоски, Села и Касами нема да одат на прославата на ДУИ, Левица не добила покана

По повод 20-годишнината од формирањето на партијата, Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила покани до сите лидери на парламентарните политички партии во земјата, освен до Левица. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијансата за Албанците и на Движењето Беса нема да учествуваат на прославата.

„Сметаме дека не е време за славење, во време кога се сочуваме со кризи. Освен тоа зборуваме за корумпирано владеење на ДУИ и на СДСМ, што има тука да се слави“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На прославата на ДУИ поканети се и политички лидери од Албанија, Косово и Црна Гора.

По тој повод, ДУИ во Скопје на плоштадот „Скендербег“ и во Тетово на плоштадот „Илирија“ на 3 и 4 јуни организираат манифестации, каде ќе настапат естрадни уметници од Косово и Македонија.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе