Мицкоски: Се што ќе предложиме владата одбива

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на емисија „Само интервју“ каде што појасни дека Владата сé  што преложи ВМРО-ДПМНЕ како мерка одбива. Вели тоа веќе не е политика, тука веќе се работи за суета.

„Секој предлог кој што ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог  непријател. И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да му помогнат на реалниот сектор. Тој посочи дека  ако Народната банка ја намалеше каматата на благајничките записи и дел од тие пари завршеа во државни хартии од вредност тогаш ќе имавме веднаш расположливи средства.

„Дополнително и ако ги префрлевме и парите од пензиските фондови и веднаш ги помогневме компаниите директно без одолговлекувања ќе се собереа пари и ќе имаше за таму каде што треба да се помогне. Јасно кажав и кажувам од каже може да се најдат пари“, рече Мицкоски.

Ние баравме акција веднаш, рече Мицкоски, укажувајќи дека така ќе беше подобра ситуацијата. Според него стопанството е оставено во милост и немилост, односно се  остава во празно два месеци.

Мицкоски  истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  на прес конференција наброи од каде можат да се најдат 10 милијарди денари на пазарот на трудот и тоа е од благајничките каси на државни хартии од вредност, со интервенција во пензискиот фонд, вториот задолжителен пензиски столб да се позајми таа ликвидност и да се стави во оптек.

„За фондот тоа се пари кои ние ги плаќаме од нашите придонеси и тоа е еден вид штедење и тоа се пари кои одат на наши лични сметки – државата не зима ниту денар и денар нема да фали за никој осигуреник. Сега зема државата со оваа урамниловка што ја предлагаше и со минималната плата. Вие уплаќате 18%  односно работодавачот уплаќа 18% за пензиско осигурување. Сега 18.8 бидејќи  две години по 0.4 зголемуваа. 6% од тие одат во приватните фондови и до овој момент ако се донесеше таа одлука до 01.04.2020 тие пари си се капитал на тие пензиски друштва, тие си ги работат, си ги пласираат вие добивате извешатаи итн. Од сега па натаму овие пари користете ги за поддршка на задолжителниот прв пензиски столб затоа што ако тоа не го направиме пензиите ќе бидат доведени под знак прашање и јас ви гарантирам дека за неколку денови од денес ќе го слушнете или Оливер Спасовски или Зоран Заев или Нина Ангеловска како ќе не убедуваат деа треба да се намалат пензиите.Во наредните 9 месеци се суспендира уплатата во вториот пензиски столб, колку пари во овој момент државата ќе позајми, толку пари со стапка на принос ќе ги врати назад во вториот столб на пензискиот фонд. Никој од никого нема да земе. По овој основ станува збор за оваа година се предвидени 10 милијарди денари или 150-160 милиони евра“, додаде Мицкоски.

Мицкоски истакна дека власта прави театар и игра на ниски страсти околу финансирањето на партиите од државниот буџет. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издржи и ќе победи и без тие пари, но СДСМ без рекетирианите пари нема да може да издржи.

„Ние бевме јасни и рековме еве ВМРО-ДПМНЕ ќе ве поддржи иако не сме како вас, не функционираме по принципот евро за евро, ова е партија која што е идеологија за македонскиот народ, со донации со чланарина ќе издржиме, ќе платиме струја, вода. Во овие моменти одма се откажуваме ама дај барем вие про боно работете за државава. Еве нашите функционери кои што се таму про боно ќе работат“, вели Мицкоски.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе