ВМРО-ДПМНЕ

Mицкоски размислува за одложување на изборите во Штип поради кризата со коронавирусот

Опозицијата сериозно размислува да побара одложување на предвремените локални избори во Штип кои треба да се одржат на 10-ти декември, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ Стар.

„Во Штип се брани Македонија. И ова не се обични избори. Но прашањето е сега дали на 870 заболени имаме воопшто амбиент за фер и демократски избори. Бидејќи вие знаете на 870 заболени и секојдневна двоцифрена бројка на луѓе кои го губат животот, прашањето е дали треба воопшто да ги изложуваме на дополнителен ризик штипјани да излегуваат на избори. Јас апелирам и до Владата и до останатите политичари сериозно да размислат. ВМРО-ДПМНЕ оваа точка на следната седница на Извршниот комитет сериозно ќе ја разгледува бидејќи само прашање на време е кога бројката на новозаболени ќе стане четирицифрена“, изјави Мицкоски.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе