Мицкоски: Претпоставувам дека СДСМ молеа бога за ова со коронавирусот за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излезе со народот на улица

За претстојните предвремени парламентарни избори во коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат политичките партии кои беа дел од неа, но се преговара со други политички партии кои се заинтересирани да бидат дел од коалицијата, изјави денеска претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека се мали шансите за предизборна коалиција со некоја од албанските партии, по примерот на денеска официјализираната коалиција помеѓу СДСМ и Движењето Беса, но не открива повеќе детали за тоа што преговараат и договараат со политичките партии. Тој најави дека кога ќе има официјална коалиција, ќе има заеднички договор и тој ќе биде презентиран пред јавноста.

„Во текот на следната недела ќе излеземе со повеќе детали. Политичките партии кои беа дел од коалицијата ‘Обнова на Македонија‘ остануваат, но исто така има и политички субјекти кои преговараат со нас. Нашите позиции се јасни, принципиелни и од тие позиции отстапување нема. Го слушнавме ставот, барањата кои се од страна на различни политички субјекти кои преговараат со нас, а ние ги презентиравме нашите позиции“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на панелот за очекувањата и предизвиците за бизносот, во организација на Делегацијата на германското стопанство во земјава.

На прашањето дали ќе има некоја од албанските партии во нивната коалиција, Мицкоски одговори дека во моментов за тоа се мали шансите, а во коментар на денеска официјализраната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА одговори: „Со среќа нека им е“.

„Па, во моментов мали се шансите да има такво нешто предизборно, а постизборно рековме да почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ‘Обнова на Македонија‘ со народот, а потоа доколку на политичка и проектна основа имаме какво било коалицирање со кој било политички субјект тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција“, рече Мицкоски.

Запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протестите, Мицкоски рече дека во СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат коронавирусот.

„Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал“, рече Мицкоски.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе