Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Mицкоски: Пред нотар се обврзавме дека нема гласање за влез на Бугарите во Уставот

„Информацијата која помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата. Но затоа обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание. На иницијатива на пратениците како гаранција со која се обврзуваме пред граѓаните за ова наше ветување, со цел блокада на предавството на оваа Влада се изјавите на пратениците заверени на нотар, дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Уставот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прес-конференцијата по усвојувањето на информацијата во врска со францускиот предлог Мицкоски рече „народот може да биде спокоен, ова не е 2019-тата година“.

„Нема отстапување ниту милиметар од ова. Нема чекор назад, затоа што позади нас е сѐ што имаме, нашите семејства, нашето достоинство, нашето име, и нашата Македонија“, рече Мицкоски и им се заблагодари на сите граѓани кои излегуваа на протести и кои јасно го искажаа ставот против францускиот предлог и против одлуките на оваа власт.

Според него, ако францускиот предлог беше добар, премиерот и претставниците на власта немаше да ги чува полицијата, онака како што се обезбедуваат личности,како што нагласи, во Бејрут.

„Договорот таков каков што владата го усвоила и се согласила преставува срам за целата држава, а самиот чин на прифаќање преставува предавство на националните и државни интереси. Ова е комплетирање на вториот дел од предавството започнато на Заев уште јули – август 2017-тата година. Предавството сега кое содржи план за бугаризација и асимилација на Македонија и македонскиот народ ќе биде немирната совест со која мора да живее секој пратеник и секој член на Владата кој го поддржа овој срамен документ. И знам дека сега не се свесни но ќе помине ова, ќе помине и пратеничкиот имунитет, ќе поминат и овие полициски кордони кои што неволно ги обезбедуваат, ќе заврши се ова и за неколку години повторно ќе треба да го погледаат народот во очи на улица. И знам дека тие сега се фокусирани на гола борба за фотелји, бидејќи и кога ја предаваа Македонија не заборавија да крадат, не заборавија на анексите, тендерите, договорите во четири очи. Ама народот и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги потсетува за предавството, за трговиите, за ударот кон Македонија за кое ви ветувам народе македонски дека ќе дојде ден кога тие ќе одговараат.“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека потврда за тоа колку е гарантиран македонскиот јазик кажа вчера заменик портпаролот на Европската Комисија „која практично ја надсинхронизира претседателката Урсула фон дер Лајен која што во македонскиот парламент велеше дека јазикот е гарантиран, но во суштина мислела на јазикот кој што го говореле мнозинството граѓани во Македонија“.

Мицкоски нагласи дека Владата ја прифатила преговарачката рамка без да биде објавен Протоколот каде, како што нагласи, според бугарските медиуми изрично се содржат барањата за бугаризација.

„Сега бугарските асимилаторски барања за промена на учебниците, за откажување од националните херои, за преиначување на историјата стануваат услов за влез во Европската Унија, и додека тие не се исполнат нема почеток на преговори, ниту напредок кон патот на Унијата“, рече тој

„Каков тежок дебакл и нокаут е ова за дипломатијата и тимот на најнеспособните Маричиќ и Ковачевски, тука не би го ставил Бујар Османи затоа што тој има друга агенда, иако му е полна устата за Македонија, тој одработуваше за други, туѓи интереси. Тие со ова се одрекуваат и плукаат на столетната борба на Илинденците, на партизаните. Газат врз гробовите на нашите херои, врз маката нашиот народ. Трајна и длабока лузна и за партијата СДСМ која како наследник на комунистите од денес станува чирак на големо -  бугарската кауза. Срам кој ќе си го носите вие, но товар за сите идни поколенија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека ништо не е готово и дека, како што нагласи, борбата продолжува сѐ до победа.

Тој на крајот порача:

„Не очајувајте народе! Не е ништо завршено, Уставот нема да се смени, преговарачката рамка нема да биде прифатена. А, идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има многу тешка задача да го исправи тоа што овие сега го погрешија, да го врати украденото. А тие кои што ова го направија на Македонија, овие предавници, овие одродници и криминалци да одговараат за тоа што го сторија“.

Тие се ставија на темната страна на историјата и тие наместо страната на народот ја одбраа страната на предавството.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе