Мицкоски: Од денеска ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со кабинетот на Пендаровски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со шефот на државата Стево Пендаровски во вила Водно, која ја побара откако претседателот му го довери денеска мандатот за состав на влада на Зоран Заев, изјави дека од денеска ги замрзнуваат односите со неговиот кабинет.

„ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со г. Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски. За жал, како напати во минатото така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандартот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство“, изјави Мицкоски по средбата, на која беше придружуван од пратеничката Гордана Сиљановска.

Одговарајќи на новинарско прашање тој изјави дека ова е направено со цел купување време.

Повтори дека нови парламентарни избори се можни, но, вели, се уште не се исцрпени сите опции за фомирање влада.

Имаат забелешка, рече, зошто се брза да се додели мандатот на пратеник кој што уверил дека ќе работи на созадавање парламентарно мнозинство.

Деновиве, најави Мицкоски, ќе информираат за сите потези кои ќе ги преземат како колаиција.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе