ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ништо од ветениот ветинг, „сваровски судиите“ сега работат за Зоран Заев

Зоран Заев ветуваше ветинг во судството. Ќе потсетам дека тоа минатата година беше главна тема. Ветинг нема да има затоа што го држат на краток ланец сваровски и трас-трас судството за да амнестираат криминал, но тоа нема да ги спаси за криминалите, ќе одговараат до последен, се вели во писмената изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Јас тогаш реков дека нам пред да ни се случи ветинг во судството, треба да се случи ветинг на политичари, поточно какви и судии да имаме, се додека има некој како Заев кој се јавува по судии и диктира одлуки, ќе имаме криминал кој се амнестира и судии кои се корумпирани. Да ги прочистиме политичарите пред тоа да се направи со судиите. Кога го соопштив тоа, власта ме посипа со лаги дека сум го штител сваровски судството. Гледам пред некој ден министерот за правда рече нема да има ветинг. Значи повторно излажаа. А, тоа е така затоа што истите сваровски судии кои носат трас-трас одлуки станаа слуги на Заев и сега не му сметаат. Токму затоа државата ни е најкриминална во Европа.

Треба да знаат дека по промената на власта ќе одговараат сите до еден, до последниот кој направил и заштитил криминал. Треба да се стави крај на криминалното мочуриште и на политичарите со тесни врски со судството. Ќе одговараат“, изјави Мицкоски.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе