Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Нема одговорност за Мијалков затоа што криминалната мафија е заортачена

„Кога не би било трагично, би било смешно. Принцот на лагата Заев, продолжува да лаже и продолжува да ги понижува и омаловажува граѓаните. Можев да го забележам неговиот израз на лицето и можам да заклучам дека не само што е нервозен, туку и не знае каде тера“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со здравствените работници. „Не видовме одговорност за случајот Мијалков затоа што криминалната мафија е заортачена“, оцени Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека проблемите се во тоа што одлуките на Заев се погрешни и дека поголемиот проблем е што токму Заев ги носи одлуките со кои државата оди во бездна,.

„Колку побрзо овие луѓе ќе заминат, толку побрзо ќе огрее сонцето за граѓаните и државата, колку побрзо ќе се соочат со одговорноста за погрешните политики толку побрзо ќе расчистиме со криминалот и корупцијата во државата", кажа Мицкоски.

Според него не видовме одговорност за случајот Мијалков затоа што криминалната мафија е заортачена.

„Ако институциите затаиле требаше да има одговорност, почнувајќи од Заев па до тие што стоеја до него. Ниту видовме, ниту ќе видиме одговорност зошто затоа што криминална мафија е заортачена, владее со Македонија. Затоа што побрзо заминат толку побрзо Македонија ќе се ослободи и толку подобро ќе биде за сите", додаде Мицкоски.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе