Протест пред Владата

Мицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме

Пред Владата почна протестот против прифаќањето на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и отворање на преговорите на Македонија со ЕУ.

Протестот се одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, а го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што велат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Пред почетокот на протестот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што рече, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.

„Ова е сенароден протест, овде нема политика, има само една партија, тоа е Македонија. Она што сакам да го порачам е дека денеска Македонија се буди и сите оние што сакаат со потпис да стават крај на Македонија, ќе стават крај. Јас не сакам да бидам во Европа бидејќи сакам да сум Македонец.

Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме. На оние во Владата сакам да им порачам дека не ме интересира пораката на Еди Рама, за мене е важна пораката на овие илјадници луѓе овдека, тоа е ‘не’“, порача Мицкоски.

Мицкоски на политичарите кои се закануваат им порача дека не се плаши нити македонскиот народ, нити граѓаните се плашат од тие што се закануваат и дека само кукавица се заканува, а тој што не е кукавица доаѓа тука пред народот и пред народот објаснува што е и како е.

„Така што тие кукавици кои се закануваат со меѓуетнички тензии сакам да им кажам дека овој народ одамна ги надрасна криминалците во политиката, и овој народ се бори за својот идентитет и овој народ е подготвен да се избори за својот идентитет“, рече Мицкоски.

За консултации со министерот Османи кој денеска изјави дека ако не го прифатиме предлогот ќе има меѓуетнички тензии, Мицкоски кажа дека со такви политичари кои се закануваат со меѓуетнички тензии во земја членка на НАТО нема намера ни да се поздрави, а камоли да разговара.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе