Прашањето за договорот со Бугарија се актуализираше, откако бугарскиот министер за одбрана, Красимир Карачанов рече дека Бугарија ќе го блокира македонскиот пат кон ЕУ ако нема напредок по историските прашања
Мицкоски најави дека маршот вели ќе почне од Министерството за правда, ќе продолжи по мостот „Гоце Делчев” и ќе заврши пред Министерството за надворешни работи.
„Ова е протест на народот, целта е за ЕУ, за Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме!“, напиша Мицкоски.
Минатата недела партијата организираше два протеста против поскапувањето на струјата.
На оваа најава на Мицкоски реагираше и премиерот Зоран Заев. „Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно. Тоа на Мицкоски му го порачаа и граѓаните на Делчево каде ВМРО-ДПМНЕ изгуби со повеќе од 1.000 гласови разлика на последните избори“, напиша Заев на својот фејсбук-профил.
Претходно Заев на прашањето дали би прифатил Гоце Делчев да биде Бугарин ако е тоа гаранција за влез на Македонија во ЕУ, одговори: „Јас сум оптимист. Верувам дека ќе се најде решение со Бугарија, со кое двете страни ќе излезат победници. Македонската страна е подготвена да се најде решение и за Гоце Делчев. Треба со пријателите пријателски и верувам дека ќе изнајдеме решение. Треба двете страни да бидат среќни. Не да биде поразена Бугарија, ниту Северна Македонија, и Македонците кои зборуваат македонски јазик. Немаат проблем со оваа работа. Нема дилеми, зборуваат многу често за македонскиот јазик. Пријатели сме ќе најдеме решение“, рече премиерот.