Честитка за коалицискиот партнер

Мицкоски: Љубац, пријателе заедно да се избориме за Македонија

По изборот за претседател на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски доби честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која СПМ е во коалиција.

Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук порача дека Димовски е вистинскиот избор, кој покажал како се бори за Македонија.

„Честитки за изборот на Љупчо Димовски за прв човек на СПМ. Вистинско решение. Чесен и искрен човек кој ја сака и покажа како се бори за Македонија и покрај сите напади и бури!

Љубац, пријателе, заедно да го победиме ова зло и да се избориме за Македонија, до самиот крај!“, напиша Мицкоски.

 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе