„Му понудив да излезе и да го отфрли ова, а јас да се повлечам од барањето за предвремени избори и од активна блокада во Собранието. Само треба да го отфрли предлогот и да рече НЕ“, изјави Мицкоски пред новинарите по средбата со Ковачевски.
Идејата му била да ѝ помогнат на Владата во надминување на предизвиците кои ќе се појават претстојната зима, па на пролет да седнат и да направат реевалуација на актуелната состојба.
Другата работа што му ја понудил рече дека ако навистина верува дека е обезбеден идентитетот во делот од заклучоците од првата меѓувладина конференција да се избришат членовите 11 и 14 и две точки од Преговарачката рамка.