СДСМ: Мицкоски, избори ќе има веќе во декември, осмели се и учествувај

Очајниот губитник Христијан Мицкоски бесрамно ја изложи својата неостварена желба – да биде дел од власта без добиен мандат од граѓаните, без да се грижи за јавното здравје и националните интереси на државата, истакнуваат од СДСМ.

„Политички дилентатизам е ова на Мицкоски, да бара учество во Влада без мандат од граѓаните. Во ситуација на стабилно парламентарно мнозинство и функционална Влада која е формирана пред нешто повеќе од два месеци. А ти Мицкоски ги загуби изборите, те казнија граѓаните и те оставија во опозиција. Затоа сега менуваш ставови од час во час, за да купиш ден повеќе во белиот дворец. Политички аматеризам е во ситуација кога сите капацитети се во функција во борба против сериозната пандемија од коронавирусот, кога е потребна сериозност и одговорност Мицкоски да биде толку несериозен.

Бара предвремени избори, а бега од предвремените локални избори во Штип? 

 Ваквите ставови на Мицкоски веќе не доликуваат на политичка дебата, веќе нема никакво ниво, нема здрава логика и разум. Со него било каков разговор, дебатата е несериозна.

Наместо блефирање, Мицкоски треба да одговори дали им кажа Африм Гаши и Зијадин Села дека ќе го поништувал договорот од Преспа? Им даде ли алтернативи за членството во НАТО? Дали им предложи идеолошкото обединување да го најдат во одбивањето да се даде поддршка на Законот за јазици? Му раскажа ли на Села што бараше на 27 април во Собранието?

Мицкоски секој ден е се повеќе очаен. Затоа бега од изборно соочување, затоа што се плаши од граѓаните и нова казна за сите деструктивни политики.

Мицкоски, избори ќе има веќе во декември во Штип и тие ќе бидат 100% безбедни за здравјето на сите граѓани и учесници во изборниот процес. Осмели и се и учествувај, на власт не се доаѓа без мандат од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ.

 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе