Мицкоски и Муцунски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски остварија средба со Џајлс Норман Амбасадор на Канада во Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба.

Мицкоски ја истакна загриженоста од високиот степен на криминал и корупција во државата и слабиот капацитет од страна на владата на СДСМ за борба против организираниот криминал, укажувајќи дека изминатите 6 години откако владее СДСМ државата тоне во криминал, а за тоа говорат и фактите дека високи владини функционери се обвинети за незаконито делување и крадење на државни пари.

Во однос на македонската економија, Мицкоски посочи дека економијата е пред целосен колапс а за тоа е директно виновна и одговорна владата на Димитар Ковачевски и СДСМ, бидејќи наместо да понуди добри економски политики кои ќе значат спас за државата и граѓаните од сиромаштија, нудат нереални и задоцнети мерки.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната поддршката и соработка, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како нов предводник на новата влада ќе продолжи со интензивна соработка и натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе