Мицкоски и Апасиев ќе одат на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја предводи партиската делегација на отворањето на македонскиот кулутрен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, потврдија од партијата. Вчера и од Левица соопштија дека нивна делегација ќе на 30 октомври ќе биде во Благоевград, Бугарија.

Вчера Димитар Ковачевски, македонски премиер и лидер на СДСМ изјави дека и покрај поканата нема да оди во Благоевград на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и ги повика сите кои имаат можност в недела да бидат во бугарскиот град. Отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите, рече Ковачевски.
Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска.
Општина Благоевград го забрани отворањето на клубот, а натписот на македонскиот клуб беше оштетен уште пред отворањето со бришење на буквата „М“.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе