По прес-конференцијата на Оливер Андоновски

Мицкоски: Фракција? Од кого? Aјде да не си го губиме времето заради такви луѓе

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прашање од новинарите како го коментира барањето за негова смена од новата фракција предводена од некогашниот еднодневен министер за внатрешни работи Оливер Андоновски, рече дека не сака да коментира и да си го губи времето заради такви луѓе, туку само нагласи дека имало и порано слични барања, но дека ВМРО-ДПМНЕ станува сѐ посилна. Mицкоски рече дека спикерот Талат Џафер ќе мора да одговара зашто во спротивно ќе стане пракса претседател на парламент да се става над Уставот и законите. 

„Од кого? За него немам што да го губам вашето време да го коментирам. Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции. Инаку, мене такви луѓе четири и пол години ме менуваат, а ВМРО-ДПМНЕ е сѐ посилно, пообединето, посплотено. Така ќе биде и на следните предвремени парламентарни избори со рекордна победа, со мнозинство во парламентот“, рече Мицкоски.

Mицкоски на прашање поврзано со отфрлената референдумска иницијатива рече дека спикерот Талат Џафер ќе мора да одговара зашто во спротивно ќе стане пракса претседател на парламент да се става над Уставот и законите.

„Ние поднесовме иницијатива која е согласно законот и Уставот. Еден човек во Парламентот се става над сите закони и над Уставот и креира преседан. Тој преседан многу скоро од денеска ќе стане пракса, а за да не стане пракса треба тој што го креирал тој преседан да одговара. И ќе одговара еден ден, бидејќи тој нема да биде вечно на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, ќе биде многу скоро во опозиција и за постапките тој човек ќе одговара“, рече Мицкоски.

На друго новинарско прашање поврзано со тврдењето на неговиот сопартиец Драган Ковачки, според кое премиерот Димитар Ковачевски во младоста избегнал служење на воениот рок, Мицкоски рече:

„Најпрвин како оправдание премиерот го користеше своето образование, бидејќи го завршил факултетот па се запишал на постдипломски студии, па потоа откако ги завршил тие постдипломски студии веќе отслужувањето воен рок не било задолжително и заради тоа тој не бил во воска, за да неколку месеци потоа, осум месеци потоа да даде изјава дека имал медицински пречки и не можел поради тие хируршки интервенции да биде во војска. Сега тој може да ја извртува вистината во СДСМ или пред колегите во Владата, но факт е дека тој дезертирал. Јас сум три години помлад од него и јас магистрирав и како магистер се пријавив доброволно во 2003 и 2004 година и го отслужкв својот воен рок во гардискиот баталјон“.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе