Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со покана до премиерот

Мицкоски до Ковачевски: Ве повикувам на дебата за енергијата, немојте да дезертирате

Државата е загрозена од неспособната Влада, која синоќа, панично, одржа вонредна прес-конференција затоа што изнесовме конструктивен предлог како да ги ублажиме последиците од енергетската криза која што се трансформира во економска криза, потоа во социјална и конечно во општествена криза, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски оценувајќи дека Владата наместо решенија, изрече многу „ЌЕ“. Мицкоски упати повик до премиерот да дебатираат за енергетиката и му порача: „Изберете време и медиум, немојте да дезертирате, јас таму ќе ве чекам“.

„Клучна поента од нашите предлози се дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство добиени со користење на евтин ресурс за стопанството и економијата, да може бизнисот да се развива, а работниците а ги задржат своите работни места. Дополнителни количини на топлина за да може скопјани и сите корисници на централното греење во главниот град Скопје да не плаќаат повисоки сметки за затоплување на нивните институции и домови.

Заштеда од минимум од 300 милиони евра, пари кои што оваа влада ќе ги потроши во периодот кој што следи, граѓански, народни пари, кој што ги нема, а ќе ги земе преку скапи кредити, задолжувајќи се на домашниот и меѓународниот пазар.

Понатаму, зголемување на бруто домашното производство, наместо да коленичиме и да се понижуваме околу, во соседна Бугарија, соседна Бугарија, соседна Грција, малку подалеку во регионот, Турција и да бараме како питачи, да си го организираме домашното производство и домашните енергетски комбинати да можат да произведуваат за потребите како на граѓаните, така и на индустријата. На тој начин ќе го зголемиме бруто домашното производство и ќе го зголемиме бруто производство на енергија.

Од тоа што можевме вчера да го слушнеме на таа вонредна прес конференција на владиниот тим можеме да заклучиме дека слушнавме многу ќе, а ништо завршено со точка.

Затоа ја користам оваа прилика, за да нема дилеми, за да нема недоречености да го повикам првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски да избере медиум, ден и време кога ќе зборуваме пред македонската јавност за тоа што нудам јас, што нуди опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, а што нуди Владата т.е. што не нуди Владата“, изјави Мицкоски.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе