Мицкоски до Филипче и Заев: Баталете ПР, за животот на луѓето се работи

Овде се работи за животите на луѓето. Македонија денес руши рекорди со црни биланси. 934 новозаразени, 420 заразени во Скопје, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Велите дека е под контрола, а ништо не е под контрола, велите дека превземате мерки, а ништо конкретно не се работи. Велите дека го заштитувате населението, а хронично болните и утре ги терате на работа и ги ставате под ризик нивните животи, велите дека се грижите за здравствените работници, а не им обезбедувате макар бесплатни тестови за ковид-19, велите дека има услови за избори во Штип, а со сила креирате корона кластери.

Секој ден покажувате дека со оваа неспособна Влада дното одново се пробива, уште подлабоко. Ваквата неспособност не е повеќе за лутење, за жалење е“, напиша Мицкоски.

 

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе