„Тие функционираат како длабока држава, си имаат свои обвинители, свои судии и кој било кој да се дрзне да поднесе каква било пријава или обвинителот не ја прифаќа, или судијата ја одбива. Тоа е последицата од овие 20 години. Затоа бараме предвремени парламентарни избори за да може оваа длабока држава конечно да исчезне и да ја поразиме оваа длабока држава која оваа партија ја направи од институциите“, рече Мицкоски и истакна дека не е време за прослави, туку е време за засукување на ракавите и за работа бидејќи народот тешко живее. ДУИ само со зборови покажа дека е државотворна партија, но не и со дела, додаде Мицкоски.
Не е време за славење треба да ги засукаме ракавите и да работиме затоа што народот тешко живее, а не да славиме и да кажуваме дека славиме 20 години и да вадиме комедијанти по телевизии и да кажуваат колку била ДУИ државотворна партија, со кое дело покажаа дека се државотворна партија, освен со зборови, рече Мицкоски.