Мицкоски: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на работа, денес немаше да бидеме први по криминал и корупција на Балканот, хибриден режим и последни по раст на економијата и инвестициите, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека многу се детски размислувањата на опозицијата, односно оградувањето на Мицкоски од Мијалков.

„Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на работа, денес немаше да бидеме први по криминал и корупција на Балканот, хибриден режим и последни по раст на економијата и инвестициите.

Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне... А после, ветувам дека нема ОЈО да ги доставува решенијата за притвор“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе