Ова, како што рече, доаѓа по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за да се разговара за измени кои што ќе го подобрат предлогот и ќе се вметнат одредени забелешки во однос на се она што е на штета на државата и националните интереси.
Мицевски напомена дека предлогот е во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии.
Како што додаде, првата средба се очекува да биде утре, а времето и местото се'уште не се дефинитивно договорени. Персоналниот состав на овие работни групи дополнително во текот на денот ќе биде одобрен.
„Претседателот Мицкоски во изјавата претходно ги кажа четирите забелешки кои што ги има. Она што можам да кажам е дека работната група на ВМРО-ДПМНЕ и предлозите кои што ќе ги дава на таа работна средба ќе бидат во насока на заштита на идентитетот, јазикот и отргнувањето од бугарските мегаломански барања поврзани со ревидирање на историјата“, изјави Мицевски.