Мицевски рече дека станува збор „за процес што ќе трае најверојатно до падот на оваа Влада и одржување предвремени избори".
„Подготвени сме да одиме до крај зашто можеме и мораме да ја осигураме иднината на граѓаните“, изјави Мицевски пред седиштето на партијата.
Одлуката за активна блокада на Собранието што претходно ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според Мицевски, на денешната средба била едногласно прифатена.
Toj информира дека ребалансот на буџетот нема да биде опструиран.
Мицевски рече дека има четири причини за блокадата: економија, здравство, образование и меѓународна политика.
Тој додаде дека со разговор за датум за предвремени парламенатрни избори помеѓу премиерот Димитар ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ може да се дојде до решавање на проблемите во овие четири области.
На координативната средба присуствувал и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.