Изјава на координаторот на пратеничката ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски: Ја поднесовме иницијативата за референдум, не очекуваме пречки во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Македонија ја поднесе иницијативата за одржување на референдум, со што отпочнува процедурата најпрво за оценување на уредноста на иницијативата за собирање на потребните граѓански потписи за поддршка. Како што информира координаторот на пратеничката група на партијата Никола Мицевски, иницијалните потребни потписи се собрани, и тоа, како што нагласи, над 650 за само половина час. Тој се надева дека спикерот Талат Џафери нема да користи „познати методи“ за оневозможување на уредноста на иницијативата.

Формулцијата во иницијативата е за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија , рече Мицевски.

На прашањето дали може иницијативата да биде оспорена бидејќи не е наведено уставното име Република Северна Македонија, туку Република Македонија, Мицевски рече:

„Апсолутно не, бидејќи и самиот закон е донесен во 2018 година, согласно тогашното име и согласно самиот наслов на законот - Република Македонија. А, адресирана е до Собранието на Република Северна Македонија. Ако сака некој да најде формални пречки, ќе ги најде, но ајде еднаш да го слушнеме мислењето на граѓаните“.

Доколку сепак не помине иницијативата во Собранието, Мицевски не сака да размислува, но рече дека ако не го помине првиот филтер, дека очекува да надвладее свеста кај пратениците зашто, рече, не мислат сите исто како што мислат поединци од власта.

„Видов пратеници од власта кои на гласаа за францускиот предлог, затоа мислам дека има и уште поголем број на пратеници кои имаат свој став и мислење“, рече Мицевски.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе