Албанскиот претседател за раздвојувањето на Скопје и Тирана

Мета го поддржува бугарскиот предлог Албанија сама да продолжи на патот кон ЕУ

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвојат Албанија и Македонија на патот кон ЕУ со што на Албанија ќе и се овозможи да напредува, објави Еурактив.

Патот на Албанија кон ЕУ е поврзан со оној на Северна Македонија. Ова значеше дека ветото на Бугарија поврзано со  човековите права, историските  и јазичните прашања резултираше со тоа што Албанија не успеа да напредува кон формалниот почеток на преговорите, и покрај тоа што доби зелено светло од сите 27 земји-членки.

Минатата недела, бугарскиот евроамбасадор во ЕУ, Румен Александров рече дека неговата земја нема да го симне ветото за Македонија, но дека Албанија треба да се раздели и да се процени независно. Дополнително, тој рече дека Бугарија дала неколку предлози за тоа како Северна Македонија може да ја ублажи ситуацијата, вклучително и спроведување на Договорот за пријателство меѓу двете.

На предлогот на Бугарија реагираше Мета и го поздрави ставот на Бугарија која предлага што поскоро почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската унија.Тој додаде дека е убеден дека Северна Македонија постигнала „огромен напредок во спроведувањето на реформите и постигнувањето историски договори како оној во Преспа“.

„Го поздравувам достоинствениот однос на македонските власти да продолжат непоколебливи во проевропскиот курс на реформи кои им служат на граѓаните и на аспирацијата за членство во ЕУ“, заклучи тој.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе