Марта Спала, експертка од Полска: Во случајот со Македонија евроинтеграцијата се користи за потчинување

Бугарија тврди дека македонската нација не постои и дека Македонија треба официјално да го признае тоа за да се приклучи на ЕУ. A ЕУ на ова пасивно гледа, вели политичката аналитичарка во институтот Центар за источни студии од Варшава, Марта Спала, во интервју за полското издание на Њузвик.

Фото: Роберт Атанасовски

„Бугарија ги користи сите алатки што ѝ стојат на располагање како членка на ЕУ да ги потчини Македонците и да ја напише одново историјата на Македонија како што ѝ одговара. Според бугарската интерпретација на историјата, Македонците се всушност Бугари кои биле доведени во заблуда од Тито, создавајќи македонски идентитет. Според Бугарија, Македонија како држава е комунистичка творба, а македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот јазик“, вели Спала.

Таа вели дека во случајот со Македонија евроинтеграцијата дестабилизира, а не стабилизира, токму поради апсурдните барања на Бугарија.

„Европската интеграција веќе не служи да се трансформира и да се стабилизира соседството на ЕУ, туку стана механизам за потчинување на помалите земји. Процесот на интеграција сега се користи да се исполнат апсурдни услови на земјите членки. Ова е многу опасен феномен и покажува капитулација на европските политики. Оваа криза трае со години. Нема доволно политичка волја да се сфати сериозно Западниот Балкан и да се комплетира проектот за проширување на ЕУ“, вели таа.

И при презентирање на компромисниот предлог, францускиот претседател, вели Спала, направи многу грешки кои се последица на игнорантскиот пристап на суперсилите. „На пример, тој зборуваше за „северномакедонци“ и тоа многу ги иритираше луѓето и стана една од причините за протестите во Македонија“.

Таа предупредува дека случајот со македонските евроинтеграции ќе стане опасен преседан за во иднина.

„Случајот со Македонија е тажен затоа што сериозно го сфати проширувањето на ЕУ. Во име на европските интеграции Македонците ја срушија автократската влада на Никола Груевски, го сменија името на државата, но тоа испадна дека не е доволно. Затоа и не е изненадувачки што кредибилитетот на ЕУ падна значително на Балканот, дури и во такви традиционално проевропски земји како Косово и Албанија, каде што евроинтеграциите беа поддржувани од 99 отсто од населението. Она што сега се случува во Македонија, потчинување на процесот на проширување на интересите на една земја, е опасен преседан за иднината. На пример, интеграцијата на Украина, која неодамна доби кандидатски статус. Сведоци сме на морален колапс на европската идеја“, вели Спала.

Во интервјуто, таа потсетува дека Бугарија нема расчистено со својата историјата од 20 век, посебно за време на Втората светска војна.

„Проблем во соседските односи е што Бугарите како нација никогаш не се справија со темните страници од нивната историја. Комунистичките архиви не се отворени. Никој не се занимава со улогата што ја одигра Бугарија на Балканот во 20 век, посебно за време на Втората светска војна. Бугарите паметат само дека на крајот на војната ја сменија страната и застанаа на страната на сојузниците“, вели полската експертка.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе