Се работи на измени во Кривичниот законик

Маричиќ: Започнавме постапка за поостро казнување на нападите врз новинари

Министерството за правда веќе започна постапка за изготвување на нов Кривичен законик во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници, вели министерот Бојан Маричиќ кој ги повика новинарските здруженија и синдикти да продолжат разговорите на оваа тема.

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите" кажа дека Министерството за правда веќе започна постапка за изготвување на нов Кривичен законик во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

„За составување на квалитетен текст на законот веќе како Министерство одржавме состанок со претставниците на новинарска фела и новинарските здруженија, вклучително и ЗНМ и синдикатот. Нивните предлози секако се добредојдени, бидејќи само преку отворен дијалог токму со новинарите, ќе можеме да донесеме нов закон кој дополнително ќе ги заштити слободно да си ја извршуваат одговорната работа, а сите оние кои ќе се обидат да ги заплашуваат или пак физички или вербално да нападнат новинари, односно медиумски работници, ригорозно да се казнуваат", рече Маричиќ.

Министерот кажа дека во однос на заштитата на новинарите, работната група за Кривичниот законик предложил измени во одредени кривични дела oд потежок облик, доколку делото е сторено против новинар. Казните во иднина треба да бидат уште построги, смета тој.

„Сакам уште еднаш јавно да ги повикам новинарите, претставени преку нивните синдикати и здруженија да ги продолжиме разговорите со цел да се донесат што поквалитетни закони кои ќе ја гарантираат нивната безбедност и слободна работа", потенцира Маричиќ.

Покрај законските измени, Маричиќ истакна дека сепак една од најзначајните забелешки на темата се во насока на тоа дека е потребно поефикасно постапување од страна на институциите кои се надлежни за истражување и санкционирање.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе