Не чувствува одговорност

Маричиќ: Веројатно прв од Владата дознав за можно бегство на Мијалков, но можам само да пренесам информација

Министерот за правда Бојан Марчиќ денеска потврди дека најверојатно е првиот член во Владата кој дознал дека се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, кога на неформална средба во петокот вечерта со јавен обивнител му било претставено дека  постои гласина, дури и како чаршиски муабет било означено дека е можно такво нешто. 

Маричиќ, како што рече денеска, не чувствува никаква одговорност за случајот.

„Јас како човек што води сериозна институција укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините, бидејќи не ми беше соопштено кој е изворот на информации, тоа беше зачувано како податок што не ми е достапен, ниту пак ми го кажа обвинителот, замолив да се проверат тие наводи и доколку тоа има основа и се потврдат тие гласини, обвинителството да ги преземе потребните мерки“, рече Маричиќ, кој денеска заедно со директорите на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски извршија увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.

Дополни дека колку што знае, веќе наредното утро обвинителката Вилма Русковска се јавила кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и кај обвинителот и почнала постапката.

„Не знам што можев јас да направам повеќе од тоа во тој момент. Впрочем, дејството се случи во неделата вечер оттогаш имаше доволно време да се преземат сите мерки. Министерството за правда нема под себе ниту обвинителство, ниту полиција за да може да направи што било, само можам да пренесам информација“, вели Маричиќ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе