За Радио телевизија Словенија

Маричиќ смета дека во интерес на и на ЕУ и на Бугарија и другите членки е датум за отпочнување на преговорите

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за Радио телевизија Словенија истакна дека во овој момент е потребен силен ангажман од сите за брзо отпочнување на преговорите со Европската Унија.

„Важно е час поскоро да се почнат преговорите со ЕУ. Наша должност е да работиме на решавањето на проблемот со Бугарија. Од наша страна има подготвеност, но тоа треба да се базира на меѓусебна почит и европските вредности“, рече Маричиќ.

Според него во интерес на и на ЕУ и на Бугарија и другите членки е датум за отпочнување на преговорите, затоа што во спротивност кредибилитетот на Унијата и нејзината политика, не само во нашата земја туку и на Западен Балкан, ќе биде ставен под знак прашање.

На прашањето за напредокот кој стои од Европската Комисија за Северна Македонија, Маричиќ одговори:

Владата и правосудните органи направија големи исчекори во правосудниот систем, спроведувајќи го прочистувањето на судството, со зајакнување на критериумите за избор и разрешување на судиите и обвинителите", а ја истакна и важноста на Академијата на судии и јавни обвинители во враќањето на довербата кај граѓаните во судството.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе