Маричиќ: Преговорите почнаа, скринингот треба да заврши во ноември 2023 година

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ уште еднаш повтори дека „ги почнавме преговорите со заштитен македонски јазик и идентитет“ и кажа дека, согласно календарот презентиран во Брисел, скрининг процесот на земјава со Европската Унија би требало да заврши во ноември 2023 година.

„Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција која ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија“, рече Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата на која што во детали го објаснуваше процесот како и временската рамка во која треба да завршат поединечни обврски.

Според него, веќе 45 отсто од нашето законодавство е усогласено со европското и постојано се зголемуваат капацитетите за превод на македонски јазик.

„Скринигот се состои од две фази. Објаснувачки скриниг каде Европската комисија на државата кандидат ѝ ги презентира клучните правни акти за секое поглавје и билатерален скриниг каде земјата кандидат го презентираме го презентира степенот на усогласеност на националното законодавство согласно со презентираните акти на  ЕУ за време на претходната фаза, но исто така и институционалните капацитети и спроведувањето на законите“, рече Маричиќ.

Тој уште појасни дека скринингот, иако се гледа како техничка операција мора да се гледа како суштински елемент на пристапните преговори, бидејќи ја дава сликата за сѐ  што треба да направиме во годините што следат со цел да ги спроведеме реформите од ЕУ-агендата и да ги отвориме, да напредуваме и да ги затвориме поглавјата и кластерите.

Според Маричиќ, скринингот по кластери и поглавја официјално почнува во септември и тој ќе се спроведува истовремено и за нашата земја и за Албанија.

Тој ги претстави шесте кластери на преговарачки поглавја/теми и појасни за секоја од нив какви се нашите обврски и начинот за нивно усвојување.

Кластер 1. Фундаментални вредности

23 -Правосудство и фундаментални права

24 -Правда, слобода и безбедност

Економски критериуми

Функционирање на демократските институции

Реформа на јавната администрација

5 -Јавни набавки

18 –Статистика

32 -Финансиска контрола

Кластер 2. Внатрешен пазар

1-Слободно движење на стоки

2-Слобода на движење на работници

3-Право на основање и слобода на давање услуги

4-Слободно движење на капитал

6-Право на трговски друштва

7-Право на интелектуална сопственост

8-Политика на конкуренција

9-Финансиски услуги

28 –Заштита на потрошувачи и здравствена заштита

Кластер 3. Конкурентност и инклузивен раст

10 -Информатичко општество и медиуми

16 –Оданочување

17 -Економска и монетарна политика

19 -Социјална политика и вработување

20 -Претпријатија и индустриска политика

25 -Наука и истражување

26 -Образование и култура

29 -Царинска Унија

Кластер 4. Зелена агенда и одржлива поврзаност

14 -Транспортна политика

15 –Енергија

21-Трансевропски мрежи

27 -Животна средина и климатски промени

Кластер 5. Ресурси, земјоделство и кохезија

11 –Земјоделство и рурален развој

12 -Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

13 –Рибарство

22 –Регионална политика и координација на структурни инструменти

33 –Финансиски и буџетски одредби

Кластер 6. Надворешни односи

30 –Надворешни односи

31 –Надворешна, безбедносна и одбранбена политика.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе